Search
|     contact@ugd.edu.mk

Хипотеза на професор од УГД докажана во труд објавен од Универзитетот „Кембриџ“

Професорот Мартин Лукаревски од Факултет за информатика при УГД истражува геометриски неравенства во Евклидовата геометрија
Споделете

Професорот Мартин Лукаревски од Факултет за информатика при УГД истражува геометриски неравенства во Евклидовата геометрија.

Професорот објави труд во 2020 година со наслов „An inequality for the altitudes of the excentral triangle” во кој поставил хипотеза за едно неравенство.

Овој труд наидува на голем интерес кај колеги од целиот научен свет и дел од нив се заинтересирани да ја тестираат или докажат. Хипотезата пред некој месец е докажана од страна на професорот од Виетнам.

Станува збор за виетнамскиот математичар Nguyen Xuan Tho во трудот „A proof of Lukarevski’s conjecture“,  објавен во престижниот математички журнал „The Mathematical Gazette“ на издавачот Cambridge University Press.

  • Стануваше збор за отворен проблем. Поставив хипотеза за која претпоставував дека е точна. Хипотезата ја поставив пред две години, а денес сум задоволен што наиде на толку добар прием кај научната јавност во целиот свет – вели професорот Лукаревски.

Трудот може да се најде на следниов линк. https://www.cambridge.org/core/journals/mathematical-gazette/article/abs/10615-a-proof-of-lukarevskis-conjecture/05AA082625DDE1CD29770C50C6208A99