Информации за идните студенти
Повеќе од 30.000 студенти во изминативе 16 години го препознаа Универзитетот „Гоце Делчев“, како квалитетна високообразовна институција, каде што ќе се здобијат со квалитетно и сеопфатно образование и знаење, потребно за нивниот иден развој и професионална кариера.
Сите заинтересирани идни студенти на оваа страница можат да добијат кратки, но важни информации поврзани со процедурата за аплицирање и потребните документи, како и практични информации за трошоците поврзани со студирањето и можностите за сместување при студирање.
Уписи
Универзитетот „Гоце Делчев“ е една од најреномираните институции во областа на високото образование во државата и нуди најсовремени студиски програми од прв, втор и трет циклус на образование.
За таа цел, Универзитетот секоја година објавува конкурси за упис на студенти во сите три нивоа на студии, а за најдобро рангираните студенти во прва година на прв циклус на студии се доделуваат и соодветни стипендии.
Повеќе информации за процесот на уписи и актуелните конкурси:
https://ugd.edu.mk/upisi
https://ugd.edu.mk/upisi/vazni-informacii-studiranje
Факултети
Универзитетот „Гоце Делчев“ опфаќа 12 факултети од областа на општествените, природните, медицинските и техничките науки, како и 3 академии од областа на уметноста, кои се организирани во 4 кампуси.
На овие факултети се активни се повеќе од 70 студиски програми од прв и интегриран прв и втор циклус на студии, како и 80 магистерски и професионални специјалистички програми и 11 акредитирани програми за докторски студии.
Повеќе информации за сите факултети во рамките на УГД:
Видови на студии
На Универзитетот „Гоце Делчев“ се спроведуваат академски студии од прв, втор и трет циклус, специјализации во областа на медицината, стоматологијата и фармацијата, како и студиски програми за регулирани професии и специјалистички стручни студии, по чиешто завршување кандидатите добиваат соодветна диплома во зависност од програмата по која студирале.
Подетални информации за достапните видови на студии:
Дигитализација
Универзитетот „Гоце Делчев“ е лидер во процесот на дигитализацијата во високото образование во Република Северна Македонија и има воведено нови технологии и разновидни електронски платформи и содржини, кои значително го олеснуваат и подобруваат секојдневното функционирање и работење како на студентите така и на наставниот и административниот кадар. Дел од платформите што се ставени во функција имаат за цел да поттикнат самостојно учење кај студентите, кое ќе биде организирано согласно нивните можности и во целост ќе ги задоволи нивните потреби.
Сите информации за воведените електронски сервиси и платформи на УГД:
Име и презиме: Кирил Арсовски Пржо Факултет и студиска насока: Биологија, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
...Мојот пат до успехот со УГД – Изабела Кромидоски, дипломиран инженер агроном, Заштита на растенијата
...Име и презиме: Александра Цековска Факултет и студиска програма: Земјоделски факултет, Растителна биотехнологија.
...Име и презиме: Мери Мастева Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, Растителна биотехнолигија
...