Search
|     contact@ugd.edu.mk

Одбележана Неделата на италијанскиот јазик во светот

Споделете

Неделата на италијанскиот јазик во светот традиционално беше одбележана од страна на Филолошкиот факултет на УГД. Темата на предавањето одржано од г. Марио де Роза, заменик-амбасадор на Република Италија во Скопје беше „Поезијата на XX век меѓу симболи и материја“ („La poesia del Novecento tra simboli e materia“).

Филолошкиот факултет и годинава се вклучува во низата активности и настани поддржани од Амбасадата на Италија во Македонија, овојпат имаме среќа да соработуваме со соработници од Амбасадата кои во себе навистина го носат ренесансниот дух, така што господинот Де Роза не само што е дипломат, тој е голем љубител и на поезијата и е автор на неколку поетски збирки. Заради тоа го поканивме во рамките на оваа Недела на италијанскиот јазик да одржи предавање во врска со поезијата на 20 век. Дел од авторите за кои станува збор во предавањето се вклучени и во програмата на предметот Италијанската поезија на 20 век, со тоа што студентите денес ќе имаат една навистина исклучителна можност да дознаат нешто повеќе за овие автори кои веќе ги студираат, но од една поинаква, споредбена перспектива. Инаку, темата на Неделата на италијанскиот јазик во светот годинава е „Книгата и јазикот – светот меѓу редови“, односно се обработува врската помеѓу современиот свет и книгата како носител на вредности во современиот светизјави проф. Јована Караникиќ-Јосимовска.

Амбасадата соработува со сите институции вклучени во ширењето на италијанскиот јазик и култура. Имаме среќа по вторпат да бидеме овде и да организираме предавање. Државата дава различни  видови на стипендии за студентите, сега скоро беа доделени три стипендии за студирање во Италијарече господинот Марио де Роза, заменик-амбасадор на Република Италија во РСМ.