Search
|     contact@ugd.edu.mk

„ВО АМФИТЕАТАР СО…“ – ПРОФ. Д-Р САЊА КОСТАДИНОВИЌ ВЕЛИЧКОВСКА

Земјоделски факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, редовен професор.
Споделете

Име и презиме: 

Сања Костадиновиќ-Величковска

Факултет каде што предавам, титула и област на специјализација: Земјоделски факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, редовен професор.

Образование:

  • Институт за хемија на храна, Факултет за природни науки, Технички универзитет Брауншвеиг, Република Германија (докторски студии 2008-2012);
  • Институт за хемија, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (магистерски студии 2002-2006);
  • Институт за хемија, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (додипломски студии 1998-2002).

Краток професионален профил:

По завршувањето на основните и постдипломски студии на Институт за хемија, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје бев стипендирана од Германската фондација за размена на студенти и истражувачи ДААД (Deutscher Akademischer Austauschdienst DAAD) за докторски студии на Институт за хемија на храна, Факултет за природни науки, Технички универзитет Брауншвеиг, Република Германија, во период од 2008 до 2012 г., како и за научен престој како доктор на науки на Државниот институт за квалитет на храна во Детмолд, Република Германија (Max Rubner-Institut Bundesforschungsinstitut für Ernährung und Lebensmittel Detmold).

Исто така, во склоп на проекти финансирани од ДААД имам остварено научен престој на Факултетот за хемија при Универзитетот „Babeș-Bolyai“ во Клуј Напока, Романија.

На Земјоделскиот факултет сум избрана како асистент, доцент, вонреден и редовен професор и одговорна сум за квалитет на прехранбени масла во Одделот за квалитет на храна во Лабораторија УНИЛАБ при Земјоделскиот факултет. Исто така, во периодот (2022-2023) бев раководител на билатерален проект со Универзитетот во Виена, Република Австрија.

Во три збора би се опишал/а себеси како:
Одговорна, коректна, тимски креативна.

На УГД се вработив (кога и како):

Во 2010 година како асистент на Земјоделски факултет по предметите Хемија и Биохемија.

УГД ми помогна во мојот професионален развој преку:

Универзитетот „Гоце Делчев“ вложува во професионалниот развој на вработените преку поддршка за стручно усовршување, можност за учество и организација на бројни семинари, конференции, трибини, проекти, обуки и практична работа во лабораторија. Исто така, дава поддршка и во  процесот на објавување стручна литература, трудови, книги, скрипти, практикуми и нивна поголема видливост, како и награди за професори кои објавуваат трудови во релевантни интернационални научни списанија со висок фактор на влијание.

Универзитетот „Гоце Делчев“ уште од неговото основање се стреми кон создавање модерни научноистражувачки центри со најсовремена опрема во кои сите заинтересирани студенти и професори имаат можност да истражуваат и да ги реализираат своите идеи и апликативна работа.

Во врска со УГД најмногу ми се допаѓа:

  • Почитување на академска слобода,
  • Вложувањата во стручниот развој на вработените;
  • Отвореноста кон другите високообразовни институции во државата и надвор од неа;
  • Отвореност и соработка со приватниот сектор;
  • Обезбедување на најсовремени услови за работа и студирање;
  • Студентите имаат постојана достапност до наставничкиот кадар и раководните структури;
  • Професорите се посветени на својата работа и не само што ги препознаваат талентот и потенцијалот кај студентите, туку даваат и совети за развој на нивната кариера;
  • Вложување во лаборатории со најсовремена опрема каде што професорите и студентите можат да работат на своите научни проекти, истражувања и иновативни идеи.
  • Признанија и награди за објава на научни трудови во списанија со висок фактор на влијание.

Омилен дел од мојата работа:

Работа со студенти, апликативна работа во УНИЛАБ, објавување на резултати во списанија од интернационален карактер.

Од професионални достигнувања издвојувам:

  • Стручни усовршувања во престижни институции;
  • Објавени интернационални трудови, од кои неколку објавени во реномирани списанија со фактор на влијание;
  • Долгорочна и континуирана соработка со повеќе високообразовни институции, приватни фирми и здруженија во земјава и надвор од неа;
  • Тимска работа со колегите и студентите и споделување на креативни идеи.

Методологија која ја користам во работата со студентите:

Редовни предавања, вежби и консултации со студентите. Вклучување на студентите во лабораториска работа и изработка на проекти. Користење на нови технологии. Учество на вебинари, семинари, конгреси и симпозиуми. Решавање на проблеми во соработка со приватниот сектор.

Најважно во работата со студентите е:

Поттикнување на нови идеи, креативност и употреба на современи лабораториски техники.

Животна мудрост која ја споделувам:
„Квалитетно образование е најважно за просперитетна иднина на младите“.

Книга, видео, филм, поткаст или настан кој би го препорачал/а:

„Прекрасен ум“ (A Beautiful Mind) – филм.

The Art of the Start 2.0: TheTime-Tested, Battle-Hardened Guide for Anyone Starting Anything, Гај Кавасаки – книга.

Совет за младите како идни студенти

Единствено со упорност и труд можете да ги остварите вашите соништа. Никогаш не се откажувајте.