Search
|     contact@ugd.edu.mk

„ВО АМФИТЕАТАР СО…“ – ПРОФ. Д-Р СОЊА ЛЕПИТКОВА

Споделете

Име и презиме: Соња Лепиткова

Факултет каде што предавам, титула и област на специјализација: 

Факултет за природни и технички науки при УГД, редовен професор, област – геологија.

Образование:

Формално – магистратура и докторат во областа на петрологија, геохемија и минералогија на Рударско-геолошки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Неформално – бројни обуки, работилници, конференции, форуми и сл. организирани од образовни, јавни и приватни организации, дома и ширум светот. Пример:

  • Imperial College London, England, Project for the use of rare elements and phytoremediation;
  • Max-Plank Institute, Mainz – Germany, Project for the detection of solar neutrino using thallium minerals from the Alshar mine;
  • BAN, Sofia, Department of Petrology and Metasomatism, Project of tertiary magmatism in the Republic of Macedonia and the Republic of Bulgaria;
  • Ss. “Kliment Ohridski”-University, Sofia, Geological and Geographical Faculty, a Project for thallium minerals from Alshar;
  • University of Zagreb, Petrography and Mineralogy, project “Minerals from Macedonia”;
  • University of Belgrade, Department of Petrology, Minerology and Geochemistry, a Project for the ophiolithic rocks in the Republic of Macedonia and the Republic of Albania;
  • Institute of geological Research, Tirana, epithermal sites in Republic of Macedonia and Republic of Albania;
  • Expert Member of the British team  for phytoremediation of contaminated soils from abandoned mines for lead and zinc, project in Zambia;
  • External member of the Advisory Council for Environment and materials in the Macedonian Academy of Sciences and Arts;
  • Vice President of the Macedonian Geological Association;
  • Member of the Slav-Macedonian Business Club.

 

Краток професионален профил:

За време на студиите бев демонстратор по предметите Минералогија и Петрологија на Рударско-геолошкиот факултет во Штип. По дипломирањето бев избрана за соработник на Рударско-геолошкиот факултет. Понатаму ги поминав сите скалила на избор од помлад асистент до редовен професор.

Покрај професионалниот ангажман бев пратеник, претседател на Комисијата за образование, наука и спорт, како и член на Комисијата за транспорт, врски и екологија во Собранието на Р Македонија. Подоцна бев заменик-министер во Министерството за животна средина и просторно планирање и два мандати државен секретар во истото министерство во Владата на Р Македонија.

Денес покрај професорската работа паралелно сум консултант на неколку познати домашни и меѓународни компании. Активен член на претседателството на Македонското геолошко друштво и на претседателството на Друштвото за геотехника.

Во три збора би се опишал/а себеси како:

Лидер, креативна, упорна.

На УГД се вработив (кога и како):

Со преминување на Факултетот за рударство и геологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во склоп на новоформираниот Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Во тој период веќе бев вонреден професор.

УГД ми помогна во мојот професионален развој преку:

Со УГД заедно си помогнавме во меѓусебниот развој. Имав можност да учествувам во повеќе HORIZONT проекти, каде што освен надградба на професионалното знаење, најголема добивка за мене сепак претставуваат големиот број на контакти и познанства со меѓународни експерти и колеги од други европски универзитети и институти.

Политиките на УГД при поддршка на научноистражувачката дејност ми овозможија флексибилно работно време кое дополнително ја засили мојата научноистражувачка активност која резултираше со учество и мое координирање на домашни меѓународни проекти, објавување на поголем број научни трудови кои се објавени во реномирани домашни и странски списанија.

Во врска со УГД најмногу ми се допаѓа:

  • Следење на принципот „студентите во фокусот на вниманието“;
  • Ориентираноста кон воведување и иницирање промени за подобрување на процесите;
  • Брзо прифаќање на нова технологија во работењето;
  • Почитување на академската слобода;
  • Пристап до акредитирани лаборатории;
  • Добра комуникација меѓу професорскиот кадар на сите факултети при УГД;
  • Млад раководен кадар.

Омилен дел од мојата работа:

Работата со студентите отсекогаш е мојот омилен дел од работата. Мојата главна цел е преку современ принцип на интерактивни предавања да овозможам кај студентите да се зголемат и поттикнат нивните интелектуални и мотивациски способности. Посебен предизвик за мене е и работата со студентите од втор и трет циклус на студии, каде што како ментор за мене претставува предизвик да ги поттикнам да истражуваат и користат најнови софтверски решенија и методи кои се применуваат во најреномираните светски универзитети и институти.

Исто така, научноистражувачката работа е еден приоритети во мојата работа на која посебно сум посветена со тимот со кој заедно работам, а нашата крајна цел е развивање и дефинирање на нови методологии, технологии во функција на успешно иновирање на нови процеси и продукти.

Од професионални достигнувања издвојувам:

  • Координатор на државни стратешки документи;
  • Активна соработка со голем број на универзитети во регионот и пошироко;
  • Консултант на високореномирани домашни и меѓународни компании;
  • Голем број на објавени научни трудови во истакнати светски списанија и научни бази;
  • Член на комисија на докторски дисертации на други државни универзитети;
  • Студентите кои во изминатите години биле под мое менторство веќе се наоѓаат на значајни позиции во разни институции и компании, за мене претставува едно од најголемите професионални достигнувања.

Методологија што ја користам во работата со студентите:

Мојата работа со студентите се базира на меѓусебен интерактивен однос и подготвеност за дополнителни ангажирања од обврските во дефинираната студиска програма.

Оригиналност во предавањата со нови методи на предавања и вежби во функција на создавање на нови експерти во областа.

Најважно во работата со студентите е:

  • Воспоставување на однос на меѓусебна почит и доверба;
  • Да бидат вклучени во истражувачките проекти, со што би стекнале практични знаења уште во време на своите студии;
  • Да се изградат високомотивирани и амбициозни личности кои по завршувањето на студиите ќе имаат голема доверба во своите капацитети и знаења и ќе бидат способни лесно да се справат со сите предизвици и да бидат препознаени на пазарот на трудот.

Животна мудрост што ја споделувам:

„Животот е чиста авантура и колку побрзо ќе го сфатите тоа толку побрзо ќе може да го гледате како уметност“.

Книга, видео, филм, поткаст или настан кој би го препорачал/а:

  • Книга од областа – „Chemical Fundamentals of Geology and Environmental Geoscience“ од Роберт Гил;
  • Книга за секого – „Анастасија“ од Владимир Мегре;
  • Филм – „Finding Forrester“;
  • Видео (документарец) – „Rocks of Ages Basalt: A Journey to the Pacific Ring of Fire“;
  • „Скок во кожа” – светски настан за инженерите по геологија и рударство.

Совет за младите како идни студенти:

  • Бидете свои и уникатни;
  • Инвестирајте во нови знаења;
  • Верувајте во себе и не плашете се од предизвици;
  • Одржувајте ги релациите со вашите професори;
  • Практично усовршувајте се користејќи ги стекнатите теоретски знаења;
  • Доживотното учење нека биде ваш императив.