Search
|     contact@ugd.edu.mk

„ВО АМФИТЕАТАР СО…“ – ПРОФ. Д-Р ТЕНА ШИЈАКОВА-ИВАНОВА

Факултет за природни и технички науки, редовен професор - област минералогија.
Споделете

Име и презиме: Тена Шијакова-Иванова

Факултет каде што предавам, титула и област на специјализација: 

Факултет за природни и технички науки, редовен професор – област минералогија.

Образование:

  • Дипломиран инж. геолог – Рударско-геолошки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје;
  • Магистер на технички науки, Рударско-геолошки факултет, Универзитет во Белград;
  • Доктор на технички науки, Рударско-геолошки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Краток професионален профил:

За време на студиите  на Рударско-геолошки факултет бев избрана за демонстратор по предметот Mинералогија. По дипломирањето се вработив како помлад асистент и со постепено надградување и усовршување се стекнав со звање асистент, доцент, вонреден професор и редовен професор. Знаењето го надградив со неколку студиски престои и обуки:

  • Институт за минералогија, кристалографија и петрографија, Цирих, Швајцарија, во 1985,1986,1988 и во 1992 година, секогаш во траење од еден месец;
  • Завод за минералогија и петрографија, Загреб, Хрватска, еден месец во 1998 година;
  • Завод за минералогија и петрографија, Загреб, Хрватска, 2009 година;
  • Усовршување на знаењето за СЕМ принципи и примена на SEM-EDS системи, Рударско-геолошки факултет во Белград, Србија, 2009 година;
  • Обука за работа со инструментот рендген флуоресцентен спектрометар EDX-900HS, 2013 година;
  • Обука за работа со инструментот рендген дифрактометар XRD 6100, 2014 година;
  • Работилница за геопаркови во Идрија, Словенија, 2017 година;
  • Од 2014 година сум ангажирана како стручен соработник во Лабораторијата АМБИКОН, а од 2023 година како раководител на Одделот за анализа и тестирање на материјали;
  • Учество во повеќе апликативни и научноистражувачки проекти.

Во три збора би се опишал/а себеси како:

Одговорнa, коректнa, креативнa.

На УГД се вработив (кога и како):

На УГД сум уште од неговото формирање во 2007 година кога Рударско-геолошкиот факултет на кој се вработив во 1986 година стана дел од новоформираниот Универзитет „Гоце Делчев“.

УГД ми помогна во мојот професионален развој преку:

Универзитетот „Гоце Делчев“ вложува во професионалниот развој на вработените преку поддршка за стручно усовршување, можност за учество и организација на бројни семинари, конференции, трибини, проекти и обуки. Исто така, дава поддршка и во  процесот на објавување стручна литература, трудови, книги, скрипти, практикуми и нивна поголема видливост.

Универзитетот „Гоце Делчев“ уште од неговото основање се стреми кон создавање модерни научноистражувачки центри со најсовремена опрема во кои сите заинтересирани студенти и професори имаат можност да истражуваат и да ги реализираат своите идеи.

Во врска со УГД најмногу ми се допаѓа:

  • Почитување на академската слобода;
  • Вложувањата во стручниот развој на вработените;
  • Отвореноста кон другите високообразовни институции во државата и надвор од неа;
  • Отвореност и соработка со приватниот сектор;
  • Обезбедување на најсовремени услови за работа и студирање;
  • Студентите имаат постојана достапност до наставничкиот кадар и раководните структури;
  • Професорите се посветени на својата работа и не само што ги препознаваат талентот и потенцијалот кај студентите, туку даваат и совети за развој на нивната кариера;
  • Вложување во лаборатории со најсовремена опрема каде што професорите и студентите можат да работат на своите научни проекти, истражувања и иновативни идеи.


Омилен дел од мојата работа:

  • Работа со млади, талентирани и перспективни кадри кои се столб на нашето општество;
  • Мотивација на студентите за стекнување на знаење и задржување на нивното внимание и интерес за време на часовите;
  • Зголемување на интересот кај студентите за научноистражувачка работа, креирање и имплементирање на нови и развојни научни идеи.

Од професионални достигнувања издвојувам:

  • Стручни усовршувања во престижни институции;
  • Објавени повеќе од стотина трудови, од кои неколку објавени во реномирани списанија со фактор на влијание;
  • Долгорочна и континуирана соработка со повеќе високообразовни институции, приватни фирми и здруженија во земјава и надвор од неа.

Објавени две книги и една монографија:

  • Тена Шијакова-Иванова, 2011, Минералогија, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип;
  • Тена Шијакова-Иванова, 2015, Минералогија на карбонатниот комплекс Ново Село Крива Лакавица, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип;
  • Тена Шијакова-Иванова, 2016, Минералогија на несиликати, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.


Методологија што ја користам во работата со студентите:

Редовни предавања, вежби и консултации со студентите. Вклучување на студентите во лабораториска работа и изработка на проекти. Користење на нови технологии. Учество на вебинари, семинари, конгреси и симпозиуми. Решавање на проблеми во соработка со приватниот сектор.


Најважно во работата со студентите е:

  • Еднаква почит кон сите студенти и јасно поставени принципи на работа;
  • Активно вклучување на студентите во разни воннаставни активности;
  • Насочување на студентите да вложуваат во своето знаење, бидејќи тоа е најмоќната алатка која придонесува во надминување на сите предизвици во животот.


Животна мудрост што ја споделувам:

Знаењето никој не може да ви го одземе – тоа е непроценливо богатство и најголемиот влог во себе. 

Книга, видео, филм, поткаст или настан кој би го препорачал/а:

  • Книга за секого – „Тајна“ од Ронда Бирн;
  • Настани – обуки, вебинари и работилници од повеќе области, https://www.wiley.com/

Совет за младите како идни студенти:

  • Образованието е важен дел од вашиот живот;
  • Работодавците ги препознаваат младите луѓе со знаење, посветеност и талент;
  • Само образовани луѓе можат да го менуваат општеството и да ги следат светските трендови;
  • Никогаш не отстапувајте од вашите соништа, работете со многу љубов и труд и секогаш самоуверено чекорете кон успехот;
  • Секој што има доволно посветеност, дисциплина, упорност и ентузијазам ќе успее во сѐ што ќе замисли и посака;
  • Врз основа на сите предизвици низ кои сум поминалa досега, сфатив дека среќен е оној што знае како да ги конструира своите соништа и има храброст да ги следи.