Име и презиме: Александар Пиперевски
Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, магистер во областа на енологијата.
Тековна професија: Магистер по земјоделски науки – енологија, раководител на Хемиска лабораторија во Винарската визба „Имако вино“ во Штип.
Место на вработување: По завршувањето на дипломските студии се вработив во Винарската визба „Имако вино“ во Штип, како дел од поголем стручен тим и денес сум во редовен работен однос.
Животно мото: Трудољубивоста, редовноста, трпеливоста и скромноста секогаш даваат позитивен резултат во патот кон успехот и остварување на зацртаните цели во животот.
Позиција на која работам денес: Раководител на Хемиска лабораторија во Винарската визба „Имако вино“ во Штип, каде што имам можност да ги пренесам моите знаења од областа на енологијата и хемиските анализи на вино, со идни планови за запишување на докторски студии. Се разбира, мојот избор повторно ќе биде Земјоделски факултет при УГД – Штип, каде што сметам дека ќе ги остварам моите идни научни планови.
Мојот рецепт за успех се состои од: Максимална посветеност на работата, интерес за истражување и поставување на нови лабораториски методи на анализа.
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Како раководител на Хемиска лабораторија во Винарската визба „Имако вино“ во Штип сметам дека успешно го применувам стекнатото знаење, но патот до успехот е долг и сѐ уште поставувам цели кои треба да ги реализирам за да стигнам до погорните скалила на успехот.
Со УГД се дружев: 4 години.
Факултетот и насоката ги избрав затоа што: По стекнато десетгодишно работно искуство, логично беше моето образование да го продолжам во областа на хемиски состав и производство на вино. Мојот избор за магистерски студии без размислување беше Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, затоа што сметав дека таму најдобро ќе ги реализирам моите планови, во што и успеав.
Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Професионалност, достапност, стекнување поголема самодоверба, желба и волја за истражување, правилно и навремено насочување на вистинскиот пат, селекција и избор на усовршување во насока спрема квалитетот на секој поединец. Најглавно од сѐ, Универзитетот и Факултетот се секогаш со свежи, нови идеи, вклучување на студентите во нивна реализација, како и развој во чекор со промените и потребите на младите. Едноставно место кое ќе остави траен белег на најубавиот период од вашиот живот, а воедно ќе ви помогне да се оформите како личност.
Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: Студирањето на Земјоделски факултет ми отвори нова врати кон научни истражувања и надградување на моите знаења во областа на енологијата и хемиските анализи на вино. Под менторство на проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос, експерименталниот дел на мојот магистерски труд, покрај на Земјоделскиот факултет – Штип, го работевме и во лаборатории вон нашите граници. Така остварив тримесечен престој на Институтот за биоанализи во Печ – Унгарија, како и пократки едномесечни престои во Виена и во Софија.
Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: За време на студирањето имав прекрасна соработка и огромна поддршка од целиот колектив на Факултетот. Пријателски однос на професорите, професионалност и споделување на знаењето, искуството и праксата од страна на професорскиот тим, отвореност и достапност на инфраструктурните ресурси, расположливост на лабораториски капацитети, можности за практична работа во научноистражувачкиот центар УНИЛАБ на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Комфорна зона каде што секој ентузијаст може својата идеја да ја претвори во реализација.
Совет за младите како идни студенти: Никогаш не отстапувајте од вашите соништа, работете со љубов, не се обесхрабрувајте доколку имате неуспеси во работата и секогаш бестрашно и самоуверено чекорете кон успехот.