Search
|     contact@ugd.edu.mk

Мојот пат до успехот со УГД – Изабела Кромидоски

Споделете

Мојот пат до успехот со УГД – Изабела Кромидоски, дипломиран инженер агроном, Заштита на растенијата

Mojoт пат до успехот не беше лесен, но секој предизвик беше нова можност за раст и учење. Од првото предавање до последниот испит, знаев дека секој ден ме носи поблиску до мојата цел.

Земјоделскиот факултет ме научи дека секоја семка што ќе ja посееш, секоја грижа и секој  вложен напор, е инвестиција во иднината. Денес, со дипломата во рака, стојам подготвена за нови предизвици, знаејќи дека упорноста и трудот секогаш носат плодови.

Животно мото: „Биди промена што сакаш да ја видиш во светот.”

Мојот рецепт за успех се состои од: Успехот е резултат на цел, упорност и работа. Започни со јасна визија и постави остворливи цели! Биди подготвен да се соочиш со предизвици и учи од неуспесите! Опкружи се со позитивни луѓе и остани фокусиран на својот пат! На крај, верувај во себе и продолжи да се движиш напред – успехот ќе дојде!

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: На мојот пат до успехот на факултетот не се соочив со значителни предизвици, благодарение на посветените професори. Нивната поддршка и менторство беа клучни за мојот развој. Тие не само што го олеснија процесот на учење, туку и создадоа позитивна и инспиративна средина. Со нивната помош, успеав да се фокусирам на своите цели и да се справам со секоја задача. Нивната отвореност и желба да помогнат, ми значат многу и направија, мојот пат до успехот,  да биде многу полесен.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што: Го одбрав Земјоделскиот факултет затоа што верувам во клучната улога на агрокултурата во општеството и економијата. Моето интересирање за природата и одржливиот развој, ме инспирираше да се посветам на ова поле. Верувам дека земјоделството не е само производствена активност, туку и начин на живот кој може да влијае на здравјето на луѓето и на планетата. Со глобалните предизвици, како климатските промени и растечката популација, важно е да се развијат иновации во агрикултурата. Овој факултет ми нуди знаења и вештини да работам на решавање на овие проблеми. Се надевам дека ќе можам да го применам наученото за да развијам одржливи практики и да го подобрам производството на храна. Исто така, сметам дека работата во земјоделството нуди уникатни можности за создавање заедница и соработка со луѓе од различни области. Учењето од искусни професори и соработката со колеги, создаваат поттикнувачка средина која ми дава уверување дека можам да направам разлика. Оваа комбинација на лични интереси и професионални амбиции ме направи убеден во својот избор.

Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: 

Моите четири години на УГД беа исполнети со учење и раст. Професорите ми помогнаа да се справам со предизвиците, а практичните проекти ми ја применуваа теоријата. Запознав многу пријатели и развив важни вештини, што ми даде силна основа за идната кариера.

Совет за младите како идни студенти:

За идните студенти на Земјоделскиот факултет имам порака: Одберете го својот пат со страст и не откажувајте се од своите соништа! Земјоделството  е иднината, и вие сте тие што ќе ja изградат. Земјоделството не е само наука, тоа е животна мисија да создавате, да негувате и да оставате отпечаток во светот. Успехот е на дофат – продолжете напред со самодоверба и страст!