Име и презиме: Благица Тодорова
Факултет и студиска насока: Факултет за природни и технички науки.
Отсек Рударство – Катедра за површинска експлоатација и Катедра за подготовка на минерални суровини.
Тековна професија: Дипломиран рударски инженер.
Место на вработување: По завршување на студиите се вработив на позиција што не е поврзана со моето образование, меѓутоа десетина години по завршување на моите студии добив можност од Рудник „Саса“ – Македонска Каменица. Каде што и денес сум вработена.
Позиција на којашто работам денес: Позицијата на која работам денес е сменски инженер во погон флотација во Рудник „Саса“ – Македонска Каменица.
Мојот рецепт за успех се состои од: Многу труд, континуирано работење на себе.
Факултетот и насоката ги избрав затоа што: Во тој период многу важно за мене беше да студирам во мојот град, а љубовта кон математиката беше пресудна да одберам техничка насока односно рударство.
Совет за младите како идни студенти: Мојот совет за младите и идни студенти е да веруваат во себе, но и постојано да работат на себе и да се надградуваат како личности.
Со УГД се дружев: Првично со УГД се дружев 3 години. Тоа е периодот кога нашиот Универзитет се формираше, а подоцна плус една година (кога ја запишав Катедрата за преработка на минерални суровини).
Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Од студиите на УГД за развој на мојата успешна кариера најмногу ми помогна совладување на една, според мене, многу важна вештина, тоа е комуникација и соработка на секое ниво. Исто така ќе го издвојам соодветниот пристап на професорскиот кадар и нивното несебично пренесување на знаењето.
Овде можам и да ја вклучам можноста што УГД ја нуди, а за мене беше многу важна, тоа е признавање на веќе положените испити при запишување на втора катедра (Катедра за подготовка на минерални суровини) од областа на рударството.
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Првично приспособување на средината и што добив можност да работам во еден таков гигант за мене е голем предизвик.
Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Можноста за изведување на теренска настава, овде вклучува посета на поголеми површински копови во Македонија, посета на рудници за подземна експлоатација.
Книга или настан од студентските денови кој засекогаш ќе го паметам: Книга би ја издвоила „Рудни наоѓалишта“ од проф. д-р Тодор Серафимовски (студентите знаат зошто), исто така и можноста за присуството на неколку меѓународни стручни советувања, како што се Подекс, Георекс.