Search
|     contact@ugd.edu.mk

Мојот пат кон успехот – Марио Петковски

Споделете

Име и презиме: Марио Петковски

Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, Фитомедицина, дипломиран инженер по заштита на растенијата.

Тековна професија: Специјалист за дигитално земјоделство.

Животно мото: Никогаш не престанувајте да учите.

Место на вработување: Агфутура технологии.

Мојот рецепт за успех се состои од: Огромна желба за стекнување на нови вештини и знаење, постојано учење, упорност и усовршување.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Мојата професија опфаќа широк спектар на позиции, па за мене најголем предизвик беше да си го пронајдам местото кое најмногу ме исполнува и работна средина која постојано ме мотивира да напредувам во својата работа.

Со УГД се дружев: 4 години до моето дипломирање, а со мала пауза помеѓу, нашето дружење продолжува на втор циклус студии, уште 2 години.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што: Природните науки отсекогаш најмногу го привлекувале моето внимание. Посебна желба ми се роди да го изучувам растителниот свет откако сфатив колку е богат и возбудлив и колку е потребно да го познаваме. Сакав да научам за сите процеси и подобро да ги разбирам растенијата, па од таа причина ја избрав насоката фитопатологија.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Посветеноста од професорите и нивната отвореност за блиска соработка со студентите е клучна предност која резултира со непрекинат трансфер на навики и знаење. Дополнително, одличната дигитална инфраструктура на УГД многу придонесува за постојано циркулирање на важни информации што мене ми помогна секогаш да сум во тек со настаните и полесно да ги извршувам сите административни обврски на време.

Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив на: Лабораторија УНИЛАБ.

Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Целиот колектив на Земјоделски факултет.

Совет за младите како идни студенти: Вашата пасија нека ви биде водилка за да го извлечете најдоброто од студиите.