Search
|     contact@ugd.edu.mk

Мојот пат кон успехот со УГД – Александра Цековска

Споделете

Име и презиме: Александра Цековска

Факултет и студиска програма: Земјоделски факултет, Растителна биотехнологија.

Животно мото: Не сонувај го животот, туку живеј го твојот сон!

Мојот рецепт за успех: Никогаш не се откажувај од своите соништа, твоите желби не се случајно твои, затоа што колку и да изгледаат неверојатни, секогаш можат да се исполнат. Koгa нешто силно посакуваш и стремиш кон истото, со постојана работа ќе дојдеш до траен успех.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Патот до успехот е долг, а тој пат се состои од повеќе мали успеси, како годините поминати на УГД. Со УГД и професорите на факултетот предизвици речиси не постоеа. Со нивната соработка, посветеност и достапност ми овозможија да се справам со секој предизвик, кој ќе се појавеше во текот на студирањето. Koгa вложуваш сè од себе предизвиците се инспирација и поттик да продолжиш во уште подобро светло.

Факултетот и насоката ги избрав затoa што: Со моето завршено образование фармацевтско-лаборантски техничар, иако очекувано и логично беше да студирам фармација,  а  се определив за Земјоделскиот факултет на УГД. Главна причина за таквата одлука беше тоа што сите активни материи во лековитите фармацевски препарати се добиваат од растенија, дел од тие растенија се култивираат за екстракција на соодветни секундарни метаболити, а во суштина растителната биотехнологија нуди алатки за in vitro добивање на секундарни мета болити. И така се запишав на Земјоделскиот факултет.

Со УГД се дружев: Четири студиски години, исполнети со многу дружење, патувања, проекти и знаење. Во иднина би сакала да ја продолжам дружбата со УГД, како студент на втор циклус студии.

Праксата на УГД како составен дел од студиите ја остварив во: УНИСЕРВИС при Земјоделски факултет – Струмица, Лабораторија за растителна биотехнологија при Земјоделски факултет во НЦ Струмица и Земјоделска аптека „Агропродукт“ ДООЕЛ Струмица.

Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Стекнатото знаење, а најмногу праксата која ја спроведувавме во текот на студиите.

Совет за младите како идни студенти: Најтешката работа е одлуката да се дејствува, а останатото е само упорност. Бидете упорни и чекорете храбро по патот до вашата цел, сѐ додека не си кажете себеси: „А помислив, нема да можам!“