Search
|     contact@ugd.edu.mk

Мојот пат кон успехот со УГД – Ана Голчева

Споделете

Животно мото:

Моето мото е: „Никогаш не се предавај, бидејќи секоја пречка е нова можност“.

Позиција на којашто работам денес:

Во моментот работам како агроном-советник во „Агроконсалтинг плус“ ДООЕЛ Зрновци.

Мојот рецепт за успех се состои од:

Трудољубивост, упорност и постојано учење нови вештини. Важно е да се има јасна визија и да се работи кон остварување на целите.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа:

Најголемите предизвици беа балансирањето меѓу теоријата и практиката, како и адаптирањето на новите технологии во земјоделството.

Со УГД се дружев:

Со УГД се дружев 4 години во кои стекнав многу добри пријателства со колеги и професори, кои ми помогнаа во текот на студиите и ме мотивираа да напредувам.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што:

Земјоделството е основата на животот, а фитомедицината ќе ми овозможува да ги заштитувам растенијата и да придонесам за здрави култури и здрава животна средина.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам:

Праксата која беше составен дел од студиите, како и достапноста на професорите и нивната поддршка.

Праксата на УГД како составен дел од студиите ја остварив во:

Праксата ја остварив во  Земјоделска аптека „Аграр БМФ“ и Фабрика за ориз „БМФ”, Расадник за цвеќе и градинарски култури „Blumenland Engler” – Лајпциг, Германија.

Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна:

Комбинацијата од практичното искуство и академските знаења кои ми овозможија да се истакнам во професионалниот свет.

Совет за младите како идни студенти:

Бидете упорни и љубопитни. Искуствата што ќе ги стекнете за време на студиите ќе ве обликуваат како професионалци и личности.