Име и презиме: Денис Ѓоргиевски
Факултет и студиска насока: Факултет за природни и технички науки, насока Рударство.
Тековна професија: Дипломиран рударски инженер за подземна експлоатација.
Место на вработување: Рудник „Тораница“ во Крива Паланка.
Животно мото: Секој нов предизвик претставува нова можност.
Позиција на која работам денес: Главен рударски инженер и одговорен за вентилација.
Мојот рецепт за успех се состои од: трпеливост, посветеност, трудољубивост и одговорност кон работата.
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: ефективното комуницирање и соработка со тимот.
Со УГД се дружев 4 години.
Факултетот и насоката ги избрав затоа што: нуди многу можности за пронаоѓање на работна позиција, а воедно и напредување на професионален план.
Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: квалитетната настава и стручниот кадар со кој може секој студент да воспостави одлична комуникација, а воедно располага со богата програма за студентите да го добијат вистинското образование.
Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: Рудникот „Тораница“.
Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: одличната соработка со професорите.
Совет за младите како идни студенти: Сфатете ја сериозно вашата идна професија.
За повеќе информации за можностите кои ги нуди УГД, посетете ја нашата веб-страница
Повеќе успешни приказни од студентите на УГД може да најдете на следниов линк: https://life.ugd.edu.mk/index.php/studenti
Детални информации за студиската насока и факултетот се достапни на следниов линк: https://fptn.ugd.edu.mk/documents/studiski/1-ciklus/2021-2022/rudarstvo-strukturna.pdf
Едукативни и информативни колумни од нашите професори може да најдете на следниов линк: https://life.ugd.edu.mk/index.php/nauka