Search
|     contact@ugd.edu.mk

Мојот пат кон успехот со УГД – Димитри Ѓорѓиев

Економски факултет, Маркетинг и менаџмент.
Споделете

Име и презиме: Димитри Ѓорѓиев

Факултет и студиска насока: Економски факултет, Маркетинг и менаџмент.

Тековна професија: Дипломиран економист од областа на маркетингот и менаџментот.

Место на вработување: Халкбанка АД – Скопје.

Животно мото: „Независно од надворешните бариери, континуитетот од каков било интензитет е доволен да ги сруши сите’’.

Позиција на којашто работам денес: Помлад референт за банкарски операции.

Мојот рецепт се успех се состои од: постојано надградување, учење од грешките, отвореност за дискусии и имплементирање на теоретското знаење во професионалното дејствување.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Во однос на факултетското образование – пожртвуваноста за подобри резултати, додека на професионален план – потребниот постојан фокус и концентрација за правилно извршување на сите работни операции, бидејќи потешко е да се задржи постојаниот клиент – отколку да се придобие нов.

Со УГД се дружев: Четири години, каде што секој нов семестар беше нова фаза со свои правила, и приспособувајќи се на нив се приспособуваме на животните и бизнис правила на реалниот свет. УГД е место каде што знаењето е приоритет, соработката е лесна и достапна, развојот е неминовен, наставата е висококвалитетна, а професорите се докажани во своите области.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што: Уште од најмала возраст имав несвесна навика да ги тргам настрана најмалите заштеди што ги имав – оттаму факторот – штедење, а од друга страна во основно и средно образование постојано творев преку пишување – оттаму факторот креативност. Па кога ги споив и двете, изборот несомнено падна на Економскиот факултет и насоката Маркетинг како најкомерцијална насока и област што ќе се развива постојано заедно со технологијата. Сè околу нас е рекламирање, дури и текстот што го читате моментално, но маркетингот е далеку само од рекламирање, затоа е и интересен за обработка.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Практичните настави, работите во групи, дискусиите со професорите, студиите на случај и најголемата предност – електронскиот пристап на функционирање на целиот систем.

Праксата во УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: Халкбанка АД Скопје и токму благодарение на таа пракса денес сум вработен во истата.

Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Дефинитивно би ги издвоил студиите на случај. Работејќи и истражувајќи на најразлични теми во ограничен временски период, под притисок и надвор од нашата комфор зона, беше една нова вештина којашто сите ние до тој момент не знаевме дека ја имаме, а нè подготви за професионалната бунтовност која денес ја доживуваме.

Совет за млади како идни студенти: Користете ја секоја можност која ви се нуди, така ќе го збогатите вашето предзнаење и CV, при вашето посакувано вработување. Понекогаш можеби нема да бидете на посакуваното место, но и тоа припаѓа во делот кога сте колекционер на искуство. И за крај, не заборавајте да уживате во целиот овој процес, на крајот од денот сте млади студенти полни со енергија и живот, на кој сите ние вложуваме доверба во вас.