Search
|     contact@ugd.edu.mk

Мојот пат кон успехот со УГД – Кирил Арсовски Пржо

Споделете

Име и презиме: Кирил Арсовски Пржо

Факултет и студиска насока: Биологија, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

Тековна професија: Комуникациски науки

Место на вработување: Институт за комуникациски студии – Скопје

Животно мото: „Нивата не сака молитва, туку мотика“.

Позиција на која работам денес: Истражувач

Мојот рецепт за успех се состои од: Повеќе губиме од работи кои сме ги пропуштиле, отколку од работи во кои не сме успеале. Секоја шанса треба да се искористи, секоја нова понуда, нова работа и соработка или нов предизвик и чекор до ново ниво на нашиот личен развој. Ниту еден ден во работа, не е загубен ден.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Постојано избирање на потешкиот пат во кариерата, значи избирање на пат со предизвици. Но, од лесни патишта, ништо нема да научиме.

Со УГД се дружев: три академски години како вонреден студент.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што: Пред да ги започнам студиите како вонреден студент, имав потреба од некој што ќе ја разбере мојата состојба, желбата за образование и формално завршување на студиите. За мене не постоеше друг и подобар избор од мојот факултет и моите ментори таму.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Како вонреден студент бев изземен од сите моменти на несигурност и неизвесност. Преку дигиталниот сервис можев да ги следам своите обврски и преку него ги добивам сите известувања и насоки. Секогаш ги завршувам обврските и должностите на време. Професорите и наставниот кадар покажаа разбирање кон моите приватни и професионални обврски и секогаш успевав без никакво двоумење или проблеми да ги обавам студентските обврски. На УГД се чувствував почитуван, сфатен и прифатен.

Од студиите на УГД, за развој на успешна кариера најмногу ми помогна:  Плодоносната соработка со факултетот и професорите ги надмина студентските денови, продолжи и понатаму низ кариерата. Сега на УГД гледам како на партнер и соработник, а кон професорите, како колеги со кои многу ќе остваруваме во иднината. Знам дека УГД секогаш ќе стои зад мене.

Совет за младите како идни студенти: Секој ден поминат во учење е ден поминат со инвестирање во себе. Може да ви земат сѐ, но никој не може да ви го земе знаењето. Тоа е најголемата вредност на образованието.