Име и презиме: Кристина Митревска
Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, Растителна биотехнологија
Тековна професија: Дипломиран инженер по растителна биотехнологија
Место на вработување: ОУРЦ „Св. Климент Охридски“ – Ново Село
Животно мото: Успехот се остварува на патот кон врвот, а не на самиот врв.
Позиција на која работам денес: Наставник во ОУРЦ „Св. Климент Охридски“ – Ново Село
Мојот рецепт за успех се состои од: работа, посветеност и интерес за истражување на живиот свет.
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа:
Животот ни носи предизвици секој ден, без разлика дали сме свесни за нив или не. Успехот, кој многу често го замислуваме како лесно остварлива цел, всушност, е резултат на долг и сложен процес полн со пресврти и неочекувани пречки. За мене најголем предизвик беше да си го пронајдам местото кое најмногу ме исполнува и работна средина која постојано ме мотивира да напредувам во својата работа.
Со УГД се дружев: 4 студиски години.
Факултетот и насоката ги избрав затоа што:
Природните науки отсекогаш најмногу го привлекувале моето внимание. Земјоделството како природна и жива наука ќе постои сѐ додека постои и човекот. Благодарение на насоката која ја избрав, се запознав со сите алатки и техники на биотехнологијата, вклучувајќи ги и оние од рекомбинираната ДНК-технологија со кои се модифицираат живите организми кои можат да бидат растенија, животни или микроорганизми, како и методите кои можат да придонесуваат за добивање растенија и добиток отпорни на вируси, за дијагностицирање и откривање на генетски заболувања итн.
Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам:
Дигитализацијата на целиот систем и начинот на работа, достапноста и комуникацијата со професорите во кое било време, здобивање нови и корисни знаења како во теоретска така и во практична настава, давање акцент и посвета повеќе кон праксата, како и избор на многу места каде истата може да се извршува. Понатаму, одржување на бројни конференции, наставно-научни совети, натпревари и разни проекти на коишто студентите имаат можност да учествуваат, а со тоа и да го збогатат своето знаење и ширење познанства со луѓе, професионалци во различни фели, како во рамките на нашата држава, така и пошироко.
Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во:
Уни сервис – агро при Земјоделски факултет – Штип, УНИЛАБ лабораторија при Земјоделски факултет – Штип и Лабораторија за растителна биотехнологија при УГД во Наставен центар – Струмица.
Од студиите на УГД, за развој на успешна кариера најмногу ми помогна:
Целиот електронски систем што го нуди УГД со кој нема чекање редици по шалтери и тимот на професори кои секогаш се достапни и се на располагање на студентите.
Совет за младите како идни студенти:
Несебично вложувајте во себеси, искористете ја секоја можност која ви се нуди и извлечете го најдоброто од неа. Останете фокусирани. Секогаш ставајте се себеси на прво место и правете го она што е најдобро за вас. Дефинитивно бидете сериозни за тоа каква сакате да биде вашата иднина. Не плашете се да поставувате прашања. Научете да прифаќате промени.