Search
|     contact@ugd.edu.mk

Мојот пат кон успехот со УГД – Кристина Панев

Студентка на втор циклус студии на Катедра за заштита на растенија и животна средина, студиска програма Фитомедицина – заштита на растенијата.
Споделете

Име и презиме: Кристина Панев

Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, Фитомедицина

Тековна професија: Дипломиран инженер агроном – заштитар.

Студентка на втор циклус студии на Катедра за заштита на растенија и животна средина, студиска програма Фитомедицина – заштита на растенијата.

Место на вработување:  Лабораторија УНИЛАБ, Земјоделски факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип.

Животно мото:  „Успехот произлегува од упорноста. Дозволете добрите резултати да ви бидат мотивација”.

Позиција на којашто работам денес:  Хемиски лаборант во Оддел за геохемија и аналитичка хемија при Лабораторија УНИЛАБ.

Мојот рецепт за успех се состои од:  Постојаност, одговорност, сфаќање на високото образование како неопходно за денешното функционирање.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Понудата да бидам дел од Лабораторија УНИЛАБ на Земјоделски факултет беше мој најголем предизвик со кој се соочив во изминативе години. Во период кога актуелно беше да заминеш во странство, одлучив да останам овде да ја препознаам својата цел и да го реализирам својот сон.

Со УГД се дружев: Четири години во студентските денови и, на мое огромно задоволство, денес сум дел од големото семејство на УГД и сѐ уште учам и се развивам во духот на УГД.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што:  Од големо значење е да имаш можност за студирање во својот роден град. По завршувањето на средното образование како фармацевтско-лабораториски техничар и во време на започнување на моите студии, студиската програма Фитомедицина при Земјоделски факултет во Штип, беше нова програма и се разбира за мене предизвик. Познавањата од областа на природните науки за мене беа дополнително олеснување и клуч во одлуката. Морам да ја потенцирам поддршката што ја имав од моите родители за мотивацијата и одлуката при изборот. Денес мојот вистински избор ми овозможи стабилна работа и ден исполнет со предизвици и можности да се надградувам постојано.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Теренските активности, вклучувањето на студенти во проекти, практична настава во услови на отворено, практична настава во лабораториски услови. Можноста како студент да бидеш дел од многубројните конференции, научни посети, саеми, студентски натпревари, во и надвор од нашата држава.

Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: Опитниот центар на Земјоделскиот факултет во с. Амзабегово; Лабораторија УНИЛАБ при  Земјоделски факултет, Штип; Оранжерии ЕКО Самандов, с. Таринци, Штип.

Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна:  Можноста да бидам во постојана комуникација со наставничкиот кадар на факултетот, кој несомнено ги препознава добрите и квалитетните студенти, а истовремено насочува и мотивира. Се разбира мојата кариера денес немаше да биде доколку ја немав можноста да бидам дел од Лабораторија УНИЛАБ.

Совет за младите како идни студенти: Не дозволувајте ниту една од можните околности да влијае на вашиот сон, во најубавите години од вашиот живот. Во време кога сте безгрижни, млади и полни со енергија, бидете желни за знаење и надградување, кое несомнено ќе ви донесе позитивен исход.