Име и презиме: Марија Лонгурова
Факултет и студиска насока: Економски факултет, Сметководство и ревизија.
Тековна професија: Сметководител.
Место на вработување: Сметководствено биро „Еко финансии“.
Животно мото: „Љубовта, посветеноста и трудот се клучните компоненти за остварување успех на секое поле“.
Позиција на којашто работам денес: Сметководител во сметководствено биро „Еко финансии“.
Мојот рецепт за успех се состои од: Многу труд, добро менаџирање на времето, континуирано учење, желба за постојано проширување на моите знаења, ефективни навики за учење, посветеност и секако позитивно размислување.
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Правилно менаџирање на времето, балансирање на обврските и социјалниот живот.
Со УГД се дружев: Четири години.
Факултетот и насоката ги избрав затоа што: Примената на знаењата стекнати од насоката сметководство и ревизија ми овозможува да развијам вештини како што се стратешко размислување и ефективно одлучување, вредни вештини кога станува збор за работа во светот на бизнисот и финансиите.
Овие стекнати знаења ми овозможуваат да помогнам во финансиското одлучување на компаниите и креирањето на нивните бизнис планови и политики.
Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Професионалноста, достапноста и посветеноста на професорите, електронскиот пристап до литература од разни области, можноста за учество на бројни организирани настани.
Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: Сметководствено биро „ВБ Тулас“ ДОО, Штип.
Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Паралелното збогатување на знаењето со помош на комбинирање на теоријата со пракса, особено преку учество во разновидни работилници од сите насоки на економската наука и постојаната мотивација од страна на професорскиот тим.
Совет за младите како идни студенти: Постојано инвестирајте во себе, бидете желни за знаење и проширувајте ги своите знаења. Инвестирањето во себе е најсигурната инвестиција која има гарантиран позитивен резултат.