Име и презиме: Мери Мастева
Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, Растителна биотехнолигија
Тековна професија: Дипломиран инженер по растителна биотехнологија
Животно мото: Среќата ги прати храбрите!
Мојот рецепт за успех се состои од: Со труд, љубов и дисциплина на патот кон успехот. Само така ќе ја постигнеме посакуваната цел!
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа:
Како предизвик дефинитивно би ја издвоила ковид-19 пандемијата која почна со моето запишување во прва година на факултет. За жал, немавме можност лично да се запознаеме со колегите и професорите бидејќи целата настава беше онлајн. За среќа, пандемијата заврши и факултетските активности ги продолживме со физичко присуство кои за мене беа многу поубави и поинтересни од онлајн наставата.
Со УГД се дружев:
Четири студиски години во кои стекнав многу знаење и пријателства кои остануваат засекогаш.
Факултетот и насоката ги избрав затоа што:
Сметам дека Македонија има многу плодни земјоделски површини за кои за да бидат рационално искористени е потребен стручен кадар, како нас инженери агрономи.
Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам:
Пред сѐ дигитализацијата на целиот систем кој функционира совршено и е голема помош за нас студентите, како и достапноста на професорите кои секогаш се отворени за соработка со нас студентите.
Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во:
Уни сервис – Штип, Лабораторија за растителна биотехнологија во Наставен центар Струмица при Земјоделски факултет и Земјоделска аптека „Агропродукт“ – Струмица.
Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна:
Стекнатите знаења и искуства во текот на моето студирање, како и знаењето и советите од професорите кои секојдневно ги споделуваа со нас.
Совет за младите како идни студенти:
Бидете упорни и чекорете храбро кон целта и предизвиците кои ќе ви излезат на патот кон успехот, на крајот трудот секогаш ќе се исплати!