Име и презиме: Михаел Иванов
Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, насока поледелство
Тековна професија: Дипломиран инженер агроном-полјоделец.
Место на вработување: Ирибов МК – Виница
Животно мото: Ништо не е невозможно ако навистина го сакаш…
Позиција на која работам денес: Асистент контролор
Мојот рецепт за успех се состои од: важноста на континуираното учење и адаптирање. Студиите и истражувањата се процеси кои не завршуваат со завршувањето на образованието. Секогаш има нови информации, нови технологии и нови перспективи.
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: соочувањето со нови нешта и предизвици кои за нас дотогаш се непознати, како и потешкотиите со онлјан предавањата.
Со УГД се дружев: 4 студиски години во кои се стекнав со многу убави спомени и многу знаење благодарение на професорите кои во целото време беа на располагање тука за нас.
Факултетот и насоката ги избрав затоа што: како професија и наука, поледелството е важно за нашата иднина. Еден од приоритетите на модерниот свет е да се обезбедува храна за населението. Затоа оваа гранка во модерниот свет постојано се унапредува, модернизира и фаворизира, зашто таа е еден од важните сегменти од кои зависи иднината на човештвото.
Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: високата употреба на дигитални алатки и технологии кои значително го олеснуваат студирањето на студентите, огромната посветеност и соработка со професорите, учествувањето во разни активности и научни конференции, поврзани со земјоделието и природата.
Практиката на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во:
Земјоделски институт – Скопје, Опитна станица – Кочани; Ирибов МК – Виница; Уни-сервис при Земјоделски факултет – Штип.
Од студиите на УГД, за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Мојата желба и труд да го научам сето она за кое имав прашалници, а затоа се погрижија професорите, кои со своите презентации и предавања ни даваа насоки за олеснување на нашето студирање, исто така нѐ вклучуваа во разни проекти и научни истражувања, а најмногу од сѐ практиката која ја спроведувавме во текот на студирањето.
Совет за младите како идни студенти: Трудот и посветеноста е почеток на секој успех, а секој неуспех треба да биде поголем предизвик за нови успеси. Студентскиот дел од животот е еден од најпоучните и предизвикувачки моменти кои се незаборавен дел од нас.