Име и презиме: Петре Петров
Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет,
-Лозаро-овоштарство
-Енологија
Тековна професија: Винарски техничар во В.В.Милев
Место на вработување: В.В. Милев с.Трстеник, Росоман
Животно мото: Колку повеќе знаеш, толку повеќе вредиш.
Позиција на која работам денес: Винарски техничар
Мојот рецепт за успех се состои од:
Да се фокусираме на патот пред себе! Соработката со позитивни луѓе ќе нѐ одведе до посакуваната цел и успех. Трудот кој го вложуваме на работа, на крајот ќе се исплати.
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Научената теорија да ја спроведам во практика, како и адаптација на новитетите за производство на вино.
Со УГД се дружев: 5 години, тоа е период кога стекнав одлични пријателства со многу колеги и професори.
Факултетот и насоката ги избрав затоа што:
Долго време сум во винскиот сектор, потребната практика ја имав, ми недостигаше теоријата за потребниот напредок. Потребната теорија за виното, како и за суровината од која се прави вино ги добив од УГД, затоа и ги завршив двете насоки на Земјоделскиот факултет.
Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам:
Пристапот до потребниот материјал, како и најважното – комуникацијата со професорите и заедничко решавање на проблемите. Дигитализацијата на УГД е перфектна. Систем кој е направен да функционира и да ни помага.
Од студиите на УГД, за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Теоретскиот дел во комбинација со практичниот, ми овозможија да се искачам едно скалило погоре.
Совет за младите како идни студенти:
УГД дава можност да станете вистински професионалци во посакуваната област, затоа бидете упорни и стигнете до целта.