Search
|     contact@ugd.edu.mk

Мојот пат кон успехот со УГД – Симона Јанкулоска

Споделете

Име и презиме: Симона Јанкулоска

Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, Фитомедицина – заштита на растенија

Тековна професија: Дипломиран инженер агроном заштитар

Место на вработување: Фалкон – Струмица

Животно мото: Почнете повеќе да верувате во себе и не бегајте од одговорностите!

Позиција на која работам денес: Агроном-консултант за исхрана на растенијата.

Веднаш по дипломирањето започнав со работа во земјоделска аптека, потоа во фабрика за производство на марихуана за медицински цели и сега сум претставник на Тимак агро светска компанија што се занимава со производи за исхрана на растенијата.

Мојот рецепт за успех се состои од: верба, љубов кон растенијата и посветеност.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа:

Да се воведат нови техники и методи во земјоделието и да добиеме современо земјоделие. Сето она што се истражува да може секој земјоделец да го употреби сѐ со цел унапредување во својата област.

Со УГД се дружев: 4 години во кои стекнав многу знаење благодарение на професорите кои секогаш знаеја да го извлечат најдоброто од нас, да ни дадат мотив и надеж да ја поминеме секоја препрека во текот на студирањето.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што:

Земјоделието е интересна наука и константно треба да се следи и истражува, особено во вакви временски услови, треба максимално да се посветиме за да имаме успешно земјоделие.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам:

Едноставен електронски принцип, достапни професори кои секогаш излегуваат во пресрет и теоријата може да се види во пракса.

Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во:

УНИЛАБ лабораторија – Земјоделски факултет, Уни сервис – агро – Земјоделски факултет и Научен институт за тутун – Прилеп.

Од студиите на УГД, за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: 

Знаењето кое може да ти ги отвори сите врати.

Совет за младите како идни студенти: Следете ги вашите желби и цели!