Име и презиме: Стефан Михаилов
Факултет и студиска насока: Земјоделски факултет, студиска програма Фитомедицина – заштита на растенија.
Тековна професија: Дипломиран инженер агроном – заштитар.
Место на вработување: „Агро 9-ти км“ – Штип.
Животно мото: Среќата ги следи само упорните.
Позиција на која работам денес: Инженер агроном.
Мојот рецепт за успех се состои од: Кога мислиш да се откажеш, пробај уште еднаш. Можеби успехот е зад аголот. Секогаш верувај во себе.
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Најголема предизвик за нас студентите беше пандемијата. Предавањата беа онлајн но практичната настава беше отежната. Професорите дадоа се од себе и го надоместивме пропуштениот дел.
Со УГД се дружев: 4 години во студентските денови со кои се стекнав како со теоретско знаење, така и многу практично искуство.
Факултетот и насоката ги избрав затоа што:
Јас го избрав УГД бидејќи нуди најдобар пристап и најсовремен пристап за студентите. Конкретно избрав Земјоделски факултет, бидејќи сметам дека на нашата држава ѝ се потребни стручни кадри во области што веќе се дефицитарни.
Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам:
Вклучување на студенти во различни проекти, семинари, во текот на студиите и по завршувањето многу компании од агробизнис секторот ви нудат отворени работни позиции.
Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во:
- Уни-сервис при Земјоделски факултет – Штип;
- УНИЛАБ лабораторија при Земјоделски факултет – Штип;
- Земјоделска аптека „Агро 9–ти км“ – Штип.
Од студиите на УГД, за развој на успешна кариера најмногу ми помогна:
Целиот електронски систем на УГД со кој нема редици и чекања. И професорите кои секогаш им се на располагање на студентите.
Совет за младите како идни студенти:
„Никогаш не се откажувајте од вашите соништа само затоа што треба многу време за да ги остварите“.