Search
|     contact@ugd.edu.mk

Мојот пат кон успехот со УГД – Теодора Димоска

Успехот не е конечен и неуспехот не е фатален, важна е храброста и желбата да се продолжи.
Споделете

Дипломиран економист од областа на финансиите

Име и презиме: Теодора Димоска (Теодора Шопов)

Факултет и студиска насока: Универзитет „Гоце Делчев“  Штип, Економски факултет, Финансии.

Тековна професија: Дипломиран економист.

Професионален спортист – фудбалерка во ЖФК Тиверија Струмица.

Животно мото:  Успехот не е конечен и неуспехот не е фатален, важна е храброста и желбата да се продолжи.

Позиција на којашто работам денес: Професионален спортист во ЖФК Тиверија Струмица.

Мојот рецепт за успех се состои од:  Дисциплина, труд, одговорност, постојано усовршување и упорност за постигнување на целта.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Усогласувањето на студиите и спортот. Бидејќи уште од почетокот на моите студии се занимавав професионално со спорт – фудбал, огромен предизвик ми беше усогласување на студиите и спортот и успехот на двете места во исто време. И спортот и студиите бараат максимална посветеност, меѓутоа со многу труд успеав во мојата цел, за што денес сум особено горда, меѓутоа и благодарна до моите професори што секогаш ме поддржуваа во текот на моите студии.

Со УГД се дружев: Четири години во текот на моите студии.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што:  Секогаш мојата желба беше да студирам на економски факултет, да се надградувам и да успеам во областа на финансиите. Универзитетот „Гоце Делчев“ го избрав најпрво заради близината, бидејќи моите работни обврски како спортист беа во Струмица. Меѓутоа, покрај близината, пред да го изберам факултетот слушнав и прочитав многу позитивни работи за факултетот, во што денес по моето завршување можам да потврдам дека тоа било најдоброто место за стекнување на моето образование благодарение на сите професори со кои имавме одлична соработка во текот на студиите.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Нашите драги професори кои секогаш беа достапни за нас, посветени професори кои секогаш се трудеа преку разни примери да ни ја доловат суштината на материјалот кој го учевме. Како студент во период на корона кризата сакам да ја истакнам големата предност што ја имаше нашиот факултет – тој беше прв и единствен факултет којшто веднаш успеа да се приспособи и да се справи со предизвиците кои ги донесе корона кризата со што организира онлајн предавања и полагања па сите планирани активности беа реализирани на време, со што ние студентите не осетивме никакви последици по нашето образование.

Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: Прокредит банка и Државен пазарен инспекторат во Струмица.

Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Големиот број на хибридни настани и работилници што ги организираше факултетот во текот на студиите, посветеноста на професорите и обезбедување на презентации од страна на професионалци и важни лица во областа на финансиите како гувернерката на Народна банка, директорката на Царина, сопственици на бизниси, како и успешни луѓе кои биле студенти на истиот факултет.

Совет за младите како идни студенти: Јас како студент на генерација која студираше во текот на корона кризата сакам да им укажам на идните студенти дека и покрај кризата нашата генерација успеа, успеа благодарение на сопствената упорност и желба за знаење и постојано надградување, но и посветеноста на професорите да ги одржуваат сите предавања редовно, со цел да не се забележи какво било отсуство од факултет. Само со посветеност и труд ќе остварите успеси за коишто секој сонува.