Search
|     contact@ugd.edu.mk

Мојот пат кон успехот со УГД – Никола Велков

„Настрана од редовните предавања, искористете ги сите можни проекти, предавања, дебати понудени од страна на вашиот факултет. Никогаш не престанувајте да инвестирате во себеси!“
Споделете

Име и презиме: Никола Велков

Факултет и студиска насока: Правен факултет, Правосудна насока

Животно мото: Народната поговорка „Човек може да направи сѐ, само ако сака“ е моето животно мото. Верувам дека не само јас, и секој друг може да го постигне успехот што ќе си го постави!

Тековна професија: law clerk

Место на вработување: San Antonio Municipal Court

Мојот рецепт за успех се состои од: Посветеност и организација на време. Менаџирање на времето е многу битен фактор на патот кон успехот. Верувам дека со добро организирано време, посветеност и реален план како да ги реализираш целите можеш да постигнеш сѐ што ќе посакаш. Генерално времето е многу значаен фактор и секогаш се трудам да го користам рационално! Со добра организација на времето ќе постигнете баланс помеѓу професионалниот живот и секојдневниот живот, како на пример спорт, рекреација, социјализација и сл.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Секогаш тргнувам од девизата „I didn’t come this far to only come this far”. Верувам дека секој зададен предизвик може да се постигне, како што и секој проблем може да се „реши”. Искрено мислам дека најголем предизвик и воедно најголем успех е да се изградиш сам себеси како личност. Кога ќе го постигнеш тоа ништо не е невозможно. Секогаш инвестирам во самиот себе.

Со УГД се дружев: 5 години.

Факултетот и насоката ги избрав затоа што: Од кога знам за себе се борев за правда, но исто така сакав да бидам глумец. УГД ми понуди програма во којашто се пронајдов. „Ораторски вечери” и „Симулирано судење” беа проекти на УГД каде што се пронајдов во улога на ширење на правдата.

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Огромната посветеност на професорите, предавањата, вежбите и пред сѐ како што претходно напоменав проектите како „Ораторски вечери“ и „Симулирано судење”. Истите овие проекти ги инспирираа студентите и професорите на Правниот факултет „St. Mary’s School of Law во Texas-USA“ да организираат настани како „Симулирано судење” и „Јавно говорење”.

Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: Основен суд – Штип, Основно јавно обвинителство во Штип и Народен правобранител во Штип.

Од студиите на УГД, за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Пред сѐ најмногу ми помогнаа проектите на „Симулирано судење”. Како студент во овие проекти се пронајдов во вистинска улога на судија, јавен обвинител и адвокат. Целиот судски процес што го научив од книга ми стана многу појасен кога учествував во проектите на „Симулирано судење”. Меѓу другото, овде го научив и американскиот процес на судење.

Книга или настан од студентските денови кој засекогаш ќе го паметам: Не можам, а да не го издвојам моето учество на „Ораторски вечери”, организирани и одржани на Правниот факултет при УГД. Искуство коешто никогаш нема да го заборавам. Пред одржување на настанот имавме подготовки и предавања на различни техники за правна аргументација и јавно говорење. Техники што секој добар адвокат, јавен обвинител или судија треба да ги поседува. Техники на правна аргументација со кои ќе доминираш во судскиот процес.

Мудрост споделена од професор/ка на предавања која ми остави најголем впечаток во животот: Не можам ништо посебно да издвојам, затоа што се целиот процес на студии ми беше едно позитивно искуство во животот. Искуство во коешто сфатив дека професорите на УГД ми беа најголеми пријатели кои секогаш ме мотивираат! Искуство во коешто научив да не го злоупотребувам фактот дека професорите ми се пријатели, напротив ги ценев повеќе и кај професорите што ми беа пријатели учев повеќе. Сфатив дека стекнувам знаење сам за себе, а не за оценка и стекнатото знаење никој не може да ви го земе. Секогаш кога се враќам во Македонија го посетувам Правниот факултет при УГД и го чувствувам како дел од моето семејство.

Книга, видео, поткаст или настан кој би го препорачал/а на другите: Прочитајте ја „Алхемичарот“. Ако веќе сте ја прочитале, повторно прочитајте ја!

Совет за младите како идни студенти: Настрана од редовните предавања, искористете ги сите можни проекти, предавања, дебати понудени од страна на вашиот факултет. Никогаш не престанувајте да инвестирате во себеси!