\
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во четврток – 4 мај пригодно ќе одбележи 120 години од смртта на Гоце Делчев.
Во програмата за одбележување е предвидена Беседа за револуционерот, како и настап на Музичката академија на УГД. Ќе настапат маестро Борис Трајанов – баритон, Елена Силјановска – пијано, како и Универзитетскиот ансамбл „Македонија“, со настапот „Песни за Гоце“.
Програмата за одбележување ќе се случува пред спомен-бистата на Гоце Делчев , пред Ректоратот на Универзитет „Гоце Делчев“ во Ново Село, Штипско.
Почетокот на одбележувањата е во 10 часот.