Search
|     contact@ugd.edu.mk

Атлетска трка „SUPERIOR RUNS – STIP“

Универзитетски спортски и културен центар при УГД ве повикува да се пријавете на уште една тимска активност и да бидете дел од УГД тимот на атлетската „SUPERIOR RUNS - STIP“.
Споделете

Почитувани,

Универзитетски спортски и културен центар при УГД ве повикува да се пријавете на уште една тимска активност и да бидете дел од УГД тимот на атлетската „SUPERIOR RUNS – STIP“.

Трката ќе се одржи на 21 април 2024 година (недела) со почеток во 10.00 часот во Штип. Котизацијата за учество ќе биде покриена од страна на Универзитетски спортски и културен центар. Сите заинтересирани студенти и вработени при УГД може да се пријават за учество на атлетската „SUPERIOR RUNS – STIP“, најдоцна до 11 април 2024 година (четврток) до 12.00 часот на следнава е-пошта: vanco.barbareev@ugd.edu.mk и телефонски број: 072/252-052 (м-р Ванчо Барбареев).

Потребни податоци за секој учесник:

  • име и презиме;
  • ден, месец, година на раѓање;
  • телефонски број.

Можност за учество на:

  • 5 км;
  • 10 км.

По утврдување на бројот на пријавени учесници ќе се креира Вибер група, каде што пријавените учесници ќе бидат информирани за деталите околу организацијата.

Да бидеме дел од настанот кој ја промовира физичката активност, здравиот начин на живот, дружењето, тимскиот и натпреварувачкиот дух.

Со почит,

Универзитетски спортски и културен центар при УГД