Search
|     contact@ugd.edu.mk

Филолошки факултет организира предавање за почетоците на кинематографијата

Предавање за почетоците на кинематографијата со наслов „What we are talking about when we talk about cinema“
Споделете

Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“- Штип организира предавање за почетоците на кинематографијата со наслов „What we are talking about when we talk about cinema“.

Предавањето ќе се одржи на 7 март 2023 г., со почеток во 12 часот, во свечената сала на Факултетот за образовни науки во Штип. Гостин-предавач е проф. Марко Пешетели, аташе за култура при Амбасадата на Република Италија и доктор на науки од областа на кинематографијата.
Предавањето ќе се одржи на англиски јазик во присуство на преведувач. Во рамките на настанот ќе биде доставена и донација на книги која Амбасадата на Република Италија ја доделува за потребите на студентите на Филолошки факултет.