Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ организира гостинско предавање со наслов „Преведување на културоспецифични елементи врз примери на книжевни преводи од италијански на македонски јазик и обратно“.
Воедно, ќе бидат претставени и резултатите од проектот за изработка на онлајн курсеви (MOOC) и отворени едукативни ресурси (OER) за изучување на италијанскиот и португалскиот јазик LMOOC4Slav. Гостин-предавач е проф. д-р Радица Никодиновска од Филолошки факултет „Блаже Конески“ – УКИМ.
За време на настанот на проф. д-р Радица Никодиновска ќе ѝ биде врачена Благодарница од страна на Филолошкиот факултет за безрезервна поддршка при основањето на студиските програми на Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, со посебен придонес кон Групата за италијански јазик и книжевност.
Настанот ќе се одржи на 20 мај 2024 г. (понеделник) во 11 часот.
Предавањето ќе се изведе на македонски јазик.