Search
|     contact@ugd.edu.mk

Известување за протест на вработените на УГД

Се известуваат членовите на Синдикатот на УГД како и сите останати вработени на УГД - Штип дека на 4 март 2024 г. (понеделник) со почеток во 13.00 часот ќе се одржи Јавен протест
Споделете

Се известуваат членовите на Синдикатот на УГД како и сите останати вработени на УГД – Штип дека на 4 март 2024 г. (понеделник) со почеток во 13.00 часот ќе се одржи Јавен протест во траење од 30 минути заради искажување незадоволство поради непотпишување на Колективниот договор од страна на основачот, како и против двојните стандарди, дискриминацијата и нееднаквоста на јавните универзитети во зголемување на платите.

Нашите активности безрезервно ги поддржа и Сенатот на УГД, кој на ден 29 февруари 2024 година донесе едногласна Одлука.

Протестот ќе се одржи пред Ректоратот на УГД – Штип.

Ве повикуваме на масовност, солидарност и единство со цел да успееме во нашата заедничка мисија и цел.

Ве чекаме да ни се придружите.

МОТОТО НА ПРОТЕСТОТ Е: „АКО БИДЕМЕ СЛОЖНИ РЕЗУЛТАТИТЕ СЕ МОЖНИ!”

3.3.2024 година

СОВЕТ НА СИНДИКАТОТ НА УГД-ШТИП

Претседател,

проф. д-р Андон Мајхошев