На 19 октомври, со почеток од 11.00 часот на Правниот факултет на УГД, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, Академијата за Европски интеграции од Скопје и Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ја организираат „Катедра Аденауер 2023“ на тема „ЕУ и НАТО на Западен Балкан во контекст на новите политички и безбедносни предизвици“.
Катедра Аденауер претставува научно – образовна платформа на која студенти, експерти и претставници на академската заедница дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми кои се однесуваат на влијанијата од руската воена агресија во Украина во однос на евроатлантските интеграции во земјите од регионот на Западен Балкан со посебен фокус на Северна Македонија.
Со свои излагања на настанот ќе земат учество:
Дејан Маролов
Професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
Моника Зајкова
Пратеничка (ЛДП) / Комисија за европски прашања
Тимчо Муцунски
Градоначалник на Општина Аеродром /
Доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Васко Наумовски
Професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Стефан Василевски
Специјализант по хирургија, Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје / Експерт по јавно здравје
Модератор на панел дискусијата ќе биде Олга Кошевалиска, Деканка на Правен факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
Настанот ќе го отворат Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер; Катерина Јакимовска, Виш координатор за настани во Центар за европски студии Вилфрид Мартенс; Дејан Мираковски, Ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Арлинд Зеќири, Претседател на Академијата за Европски интеграции – Скопје.
Работни јазици на настанот се македонски и англиски.