Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип ве поканува на Отворен и кариерен ден за средношколци и студенти.
Целите на настанот се:
- Унапредување на врската меѓу високото образование и реалниот сектор.
- Зголемување на можностите за вработување на младите преку директен пристап до реномирани институции.
- Прикажување на можностите за студирање на #УГД за младите.
Настанот ќе се одржи на 28 мај 2024 г. (вторник), со почеток од 10 часот, во просториите на Мултимедијалниот центар кај Економски факултет и ќе се реализира во два дела:
- Панел-дискусија на тема „Важноста на високото образование за македонскиот бизнис и улогата на бизнисот во креирање на поквалитетно образование“, на која ќе може да се види поврзаноста на образованието и реалниот сектор.
- Директна интеракција помеѓу студентите и реалниот сектор и средношколците и единиците на Универзитетот.
Присуството на голем број реномирани компании и институции од различни индустриски гранки ќе им даде можност на младите за нетворкинг, договарање пракса, познанство со клучни претставници на компаниите и доближување на можностите за вработување.
Добредојдени се сите заинтересирани.
Ве очекуваме!
Избери мудро, делувај храбро!
Ваш УГД