Search
|     contact@ugd.edu.mk

Панел-дискусија на тема „Мојот месечен ритуал: грижа за себе за време на менструацијата“

Споделете

Студентските организации во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со dm организираат панел-дискусија на тема „Мојот месечен ритуал: грижа за себе во време на менструацијата“.

На дискусијата говорници ќе бидат Кристина Дуранска од „dm дрогерие маркт“, психологот и семеен советник Бојана Стојменовиќ, нутриционистката Симона Коруновска, претседателката на УСС при УГД Станела Гацова и проектната менаџерка на СОМА, Викторија Панева. Водител и модератор на настанот ќе биде Милена Антовска-Станковска.

Настанот ќе се одржи во четврток (12.12.2024 г.) во тренинг центарот на Правен факултет од 11 часот.