Во петок, 15 март 2024 година, во Штип ќе се одбележи Неделата на борба против глауком.
Во одбележувањето се вклучува и Факултетот за медицински науки на УГД, со бесплатно мерење на очен притисок, кое ќе се реализира на платото пред Правниот факултет (поранешен Ректорат) и во Кабинетот за оптометрија и очна оптика на Факултетот за медицински науки (во просториите на поранешното Текстилно училиште), со почеток во 9 часот.
Глаукомската асоцијација на Штип заедно со Факултетот за медицински науки на граѓаните, студентите и вработените на УГД ќе им мери рефракција (dioptrija) и тонометрија (очен притисок).
Во акцијата ќе бидат вклучени студентите од насоката Оптометрија и очна оптика на ФМН. Настанот ќе трае од 9 до 14 часот.