Search
|     contact@ugd.edu.mk

Презентација на можности за ДААД стипендии пред студентите на УГД

Споделете

На Филолошкиот факултет при УГД денес се одржа презентација за можности за стипендии од германската програма ДААД.

– Денес во посета на Филолошкиот факултет се лекторот од ДААД, Томас Мајер, колешката Вејсели Сарм, како и колегата од Агенцијата за меѓународна соработка и образование од Австрија, Бесим Алили. Целта на нивната посета е да се претстават ДААД стипендиите. Овие стипендии се интересни за нашите студенти. Вториот дел е работилница, која ќе ја прават колегите лектори заедно со нашите студенти, германисти – изјави проф. д-р Билјана Ивановска од Филолошкиот факултет.

Стипендиите кои ги доделува организацијата ДААД не се однесуваат само на студентите од Филолошкиот факултет, дури не се однесуваат ни на оние кои знаат германски јазик. Гостите посочија дека за овие стипендии можат да аплицираат и студенти од другите факултети, како и студенти кои користат англиски јазик.

Во продолжение од изјавите на гостите погледнете ги деталните информации за денешната посета на Филолошкиот факултет.