Search
|     contact@ugd.edu.mk

РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРИМЕНА НА МОЛЕКУЛАРНИ И БИОИНФОРМАТИЧКИ АНАЛИЗИ

Споделете

На 28 и 29 ноември 2023 год. проф. д-р Татјана Рушковска, редовен професор на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип, ќе организира Работилница со наслов „The use of molecular and bioinformatic analyses in studying the health-promoting effects of polyphenols“.

Работилницата е дел од проектните активности на проф. д-р Татјана Рушковска, член на Macedonian American Alumni Association (МААА), во рамките на еден поголем проект насловен „Alumni encouraging community services and extracurricular activities“, поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.

Работилницата е организирана во форма на Научен клуб за молекуларна исхрана за студенти од Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип, поддржана од Факултетско студентско собрание (ФСС) на Факултетот за медицински науки и Студентски организирана медицинска асоцијација (СОМА).

Повеќе информации за предавачите и содржината на Работилницата во прилог.