Search
|     contact@ugd.edu.mk

Работилница за запознавање со меѓународен стандард за размена и интероперабилност на медицински податоци

Во рамките на македонско-австрискиот проект „Обезбедување на FHIR сервери: безбедносна евалуација и анализа на медицински податоци водени од вештачка интелигенција и симулации за подобрени здравствени услуги“...
Споделете

Во рамките на македонско-австрискиот проект „Обезбедување на FHIR сервери: безбедносна евалуација и анализа на медицински податоци водени од вештачка интелигенција и симулации за подобрени здравствени услуги“, помеѓу Факултетот за информатика, УГД ‒ Штип и Универзитетот за применети науки Горна Австрија ‒ Хагенберг, на 27 август 2024 год. во периодот од  9 до 13 часот ќе се одржи онлајн работилница „HL7 FHIR Starter“. Предавач ќе биде доц. д-р Оливер Краус од Универзитетот за применети науки Горна Австрија.

Во рамките на оваа работилница ќе бидат претставени основите на HL7 FHIR (Fast Health Interoperability Resources) стандардот за размена и интероперабилност на медицински податоци, кој се користи денес во сите помодерни медицински установи и институции ширум светот. Работилницата е наменета за сите заинтересирани вработени и студенти од прв, втор и трет циклус на Факултетот за информатика и Факултетот за медицински науки. Повеќе информации за стандардот можете да најдете на https://www.hl7.org/fhir/, https://fhir.org.

За пристап до работилницата користете го следниот линк.