Настанот е наменет за студенти, специјализанти и докторанди на Универзитет „Гоце Делчев“- Штип и други универзитети, како активност од добиениот проект на проф. д-р Ленче Милошева, член на МААА: „The Youth Mental Health Project: Understanding & Supporting Youth Mental Health through the lens of CBT (Cognitive-behavioral therapy) and Neuroscience“, поддржан од Aмериканската амбасада во Скопје и во рамки на поголем проект насловен „Alumni encouraging community services and extracurricular activities“.
Подетални информации за регистрација за настанот ќе бидат објавени на официјалната страница на СОМА (Student Organized Medical Association) од страна на Стефан Мишовски, Леона Стојановска и Марија Минова, студенти на Факултет за медицински науки и одговорни за КБТ и Невронауки Хаб-СОМА (CBT & Neuroscience Hub-SOMA.