Search
|     contact@ugd.edu.mk

Семинар: ЕУ еЗдравствено право, ИКТ и Биоетика

Во периодот од 13-20 Октомври 2022 ќе се реализира Семинар како дел од активностите на Жан Моне проектот: „ЕУ еЗдравствено право и Северна Македонија: од тековна практика до имплементација“.
Споделете

Фокус на семинарот ќе бидат теми од област на: ЕУ здравство,здравствена заштита и здравствени услуги и и придобивки од е-здравствени услуги ; Граѓанско правната одговорност и финансирање на здравствените системи; Е-Здравство ( инженерски и медицински практики); Биоетика и е- Здравството.

Семинарот е наменет за студентите на Универзитетот „ Гоце Делчев“, медицинските работници и професионалци од соодветните области. Предавачи ќе бидат професори од Универзитетот „ Гоце Делчев“.

Приклучување кон настанот може да се направи со испраќање на е-маил: grp-euehl@ugd.edu.mk