Search
|     contact@ugd.edu.mk

Тренинг за млади на тема „Peacebuilding“

Ќе се одржи тренинг за млади на тема „Peacebuilding“ во рамките на Еразмус+ проектот “Different approach, one common goal”
Споделете

Во периодот од 14 до 20 ноември 2022 година, во просториите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (Кампус 2) ќе се одржи тренинг за млади на тема „Peacebuilding“ во рамките на Еразмус+ проектот “Different approach, one common goal”, со вкупно 36 студенти од Република Северна Македонија, Германија, Шпанија, Италија и Турција.

Во текот на овие 7 дена студентите и младите, покрај можностите за размена на искуства и дружење, ќе имаат можност и да се запознаат подобро со следниве теми: конфликт, причини за конфликт, начини на решавање на конфликт, улогата на младите во градењето на мирот и сл.

Предавачи на тренингот се вработени на УГД: проф. д-р Кирил Барбареев, проф. д-р Мишко Џидров, проф. д-р Билјана Попеска, Милкица Миленкоска и Сања Максимова.

Сите учесници на тренингот ќе се здобијат со сертификати за учество.