Свечено утре во Мултимедијалниот центар на УГД започнува Првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“. Настанот за сите бруцоши започнува во 11 часот, а предвидено е присуство и на министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.
Свој уметнички настап ќе има Ансамблот „Македонија“, како и студентите од Џез одделот на Музичката академија.
Поканети се сите бруцоши утре свечено да ја започнат новата академска година.