Search
|     contact@ugd.edu.mk

Трета координативна средба во рамките на меѓународниот проект NEWAVES се одржа во Братислава, Словачка

Споделете

Во рамки на меѓународниот проект NEWAVES, на 28 и 29 јануари 2025 година во Братислава, Словачка, се одржа Третата координативна средба на претставниците од проектните партнери (Португалија, Северна Македонија, Словачка и Хрватска). наСредбата беше во организација на словачкиот партнер, Универзитетот „Александар Дубчек“ од Тренчин и Словачката радио и телевизија. Проектот NEWAVES е Заеднички сојуз за поддршка на локалните и регионалните радиостаници и за зајакнување на медиумите од заедниците во територии со мала густина на население. Финансиран е од страна на рамковната  програма на Европската комисија за култура и аудиовизуелниот сектор – Програма креативна Европа (CREA).

Осум партнери учествуваат во спроведувањето на овој проект. Четири високошколски образовни институции и четири медиумски куќи, по една од секоја од државите учеснички. Водечки партнер е Политехничкиот институт од Гуарда (Португалија), а останатите партнери се Radio Altitude Guarda Sociedade de Comunicação Lda. (Португалија), Радио Канал 77 ДООЕЛ (Северна Македонија), Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип (Северна Македонија), Trencianska Univerzita Alexandra Dubceka v Trencine (Slovakia), Slovenska televizia a rozhlas (Словачка), Академија за уметност и култура од Осиек и како придружен партнер, Хрватско радио – Радио Осиек и двете од Хрватска. Проектот започна со спроведување во јуни 2023 година и ќе се спроведува во тек на 24 месеци.

Дводневната координативна средба собра околу дваесетина претставници од институциите партнери во проектот. Средбата ја отворија Роман Бомбош, заменик-директор на Словачкото радио, д-р Мартин Шрамка, проректор за настава и образование на Универзитетот „Александар Дубчек“ во Тренчин и во име на водечкиот партнер, Политехничкиот институт од Гуарда присутните ги поздрави професорот Хандерсон В. Агуиар Енграсио (Португалија). Проектот NEWAVES навлегува во последните три месеци од спроведувањето, па во овие два дена присутните се осврнаа на постигнатите резултати во првите 15 месеци, а ги договорија и активностите во претстојниот период кои се однесуваат на четирите работни пакети. Овие работни пакети опфаќаат активности од домен на Раководење и управување (WP1), Развој на дигитална платформа (WP2), Програма за обука на професионалци од радиостаниците (WP3), како и План за комуникација и ширење на сознанијата за проектните активности (WP4). Вториот ден од Третата координативна средба, присутните ја искористија можноста да се запознаат и со работните простории и работата на Словачката радио и телевизија.

Планирањето и изработката на дигиталната платформа е еден од носечките столбови на NEWAVES проектот. Во тој поглед, присутните ја усвоија информацијата дека фазата на тестирање на платформата ќе заврши до 7 февруари 2025 година, а до тој временски рок учесниците во проектот ќе имаат можност да ги истражуваат сите делови на платформата, поставените материјали, нејзината структура, но и да го дадат своето мислење за нејзината функционалност. По завршувањето на тест-периодот, следи период на пробна работа. Платформата е инструмент кој на радиостаниците им овозможува пристап до проверен и квалитетен информативен материјал, а кои ќе биде со содржини од локален карактер кој многу ретко се обработува од страна на националните медиуми.

На координативната средба посебно внимание беше посветено на работниот пакет три, во поглед на комплетирање на содржините од програмите за обука наменети за вработените во локалните и регионалните радиостаници. За таа цел беше организирана работилница од која произлегоа заклучоци за унапредување на понудените содржини од е-курсевите:

  1. Дигитални вештини
  2. Етика и право
  3. Претприемаштво и
  4. Маркетинг и комуникации.

Договорено е по добивањето на завршната верзија од курсевите истите да бидат преведени на пет јазици (англиски, португалски, словачки, македонски и хрватски). Преводот треба да биде завршен до крајот на април оваа година, по што материјалите ќе бидат поставени на дигиталната платформа да им служат на сите заинтересирани поединци кои сакаат да ги подобрат своите знаења и вештини. Исто така, 24 вработени во локалните и регионалните радиостаници од земјите учеснички ќе учествуваат на еднонеделен процес на обука од домен на погоре наведените. Обуката, како дел од Програмата за мобилност, ќе се одржи на првата половина од мај 2025 година во Осиек, Хрватска. Во исто време ќе се одржат Четвртата и Петтата работна средба, со оглед на фактот дека проектот треба да заврши во јуни 2025 година.nauнаѕ