Факултетот за образовни науки при УГД и Основното училиште „Хинко Смрекар“ во Љубљана, Република Словенија, потпишаа меѓусебен Договор за соработка. Договорите ги потпишаа деканката на Факултетот проф. д-р Емилија Петрова-Ѓоргева и директорот на училиштето м-р Игорчо Ангелов.
Предмет на овој Договор претставува воспоставување на соработка помеѓу двете институции во сферата на образованието, научноистражувачката и апликативна дејност, како и утврдување на формите и начинот на соработка меѓу кои:
- студиски престои на дел од кадарот во рамките на другата институција;
- држење предавања и меѓусебни обуки;
- заедничко или самостојно организирање и земање учество со свои трудови, презентации, конференции, конгреси, работилници и други форми на научноистражувачка работа;
- заедничко учество и активности во рамките на „Еразмус“ и др. проекти;
- објавување на трудови во списанието „Воспитание“.
Договорот се потпиша вчера во просториите на Факултетот за образовни науки, а моментот се искористи да се разменат информации и да се изврши посета на Факултетот.