Search
|     contact@ugd.edu.mk

Амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп, одржа предавање „ЕУ нема да чека засекогаш“ пред студентите на Правeн факултет

Споделете

Амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп, одржа предавање пред студентите на Правен факултет на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Тема на предавањето беше „ЕУ нема да чека засекогаш“, при што амбасадорот Јан Коп се задржа на политиката за проширување на Европската Унија, предизвиците и можностите за Северна Македонија на патот кон членство во Унијата.

Амбасадорот Коп се осврна на актуелните состојби во поглед на евроинтеграциските процеси на земјата, при што пред студентите говореше и за проблемот со уставните измени и барањата на Бугарија. Според него, уставните измени се само еден од условите за напредок на патот кон пристапување на РСМ во ЕУ, но еднакво се важни и сите реформи кои државата ќе мора да ги направи.

По предавањето на тема „ЕУ нема да чека засекогаш” следеше отворена дискусија во која се вклучија и студентите.

Амбасадорот Дирк Јан Коп пред предавањето имаше средба и со ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, проректорката за наука, проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска, и деканката на Правниот факултет, проф. д-р Олга Кошевалиска.