Search
|     contact@ugd.edu.mk

Промовиран учебникот „Антидискриминационо право“

Споделете

На Правниот факултет во Штип беше промовирана публикацијата со наслов „Антидискриминационо право“ од авторите Жанета Поповска, која е насловен вонреден професор на Правниот факултет во Штип, професорот Лазар Јовевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ на УКИМ и професорот Јулиус Ростас, кој има повеќе афилијации на универзитети во Германија и во Унгарија.

Целта на оваа публикација е да ја подигне свеста за разбирањето на правото на еднаквост, но и на борбата против дискриминацијата, како во работните односи така и во сите сфери на правото. Публикацијата е пишувана на доста едноставен и разбирлив начин за да биде лесно сфатлива не само за правниците, туку и за целата академска јавност. Посебен придонес на оваа публикација е што за првпат на нашата територија имаме поглавје кое го обработува антициганизмот како нова концепција која ја согледуваме и подигање на свеста за предизвиците со кои се соочуваат Ромите како популација и кои начини ќе доведат до нивна поголема инклузивност во нашата држава. Во публикацијата има богата судска пракса, како национална, така и меѓународна и од Европскиот суд за човекови права, во кои се апострофираат сите проблеми кои ги имаат луѓето кои се припадници на маргинализираните заедници изјави деканката на Правниот факултет, проф. д-р Олга Кошевалиска.

Олег Солдатов, шеф на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, истакна дека овој учебник претставува вреден придонес во активностите што ги има Европската комисија за борба против расизмот и интолеранцијата.

Морам да кажам која е работата на Европската комисија за борба против расизам и интолеранција, таа е инволвирана не само во утврдувањето на стандардите, туку и во сите активности кои подразбираат следење на сето она што се случува.  Се осврнуваме на препораките кои се даваат и поглавјето 13, но важно е што за првпат во овој регион се осврнуваме и на антициганизмот. Ова ќе биде дел од наставните програми на факултетите. Се заблагодарувам на Правниот факултет и на Универзитетот „Гоце Делчев“, како и на нашите партнери, организацијата „Ромалитико“. Сличен ваков настан ќе се организира и на УКИМ во Скопјеизјави Солдатов.

Книгата е изработена со финансиска поддршка од Совет на Европа