Search
|     contact@ugd.edu.mk

Проф. д-р Александра Милева нов потпретседател на EURASIP BForSec TAC

Споделете

Проф. д-р Александра Милева, редовен професор на Факултет за информатика при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, е едногласно избрана за нов потпретседател на EURASIP Комитетот за техничката област по биометрика, форензика и безбедност (Biometrics, Data Forensics and Security – BForSec), за периодот 2024-2026 година.

Организацијата European Association for Signal Processing (EURASIP) е основана во 1978 година со цел подобрување на комуникацијата помеѓу групи и индивидуи кои работат во мултидисциплинарното поле на процесирање на сигнали во Европа и светот, како и размена и дисеминација на информации за процесирањето на сигнали. ’Рбетна мрежа на EURASIP техничките активности се Комитетите за технички области (Technical Area Committees – TACs).

EURASIP Комитетот за техничка област по биометрика, форензика и безбедност (BForSec TAC) се фокусира на безбедност на мултимедија, дигитална форензика, скриена комуникација, водени жигови, применета криптографија, биометрика, видеонабљудување, мрежна безбедност, безбедност на физичко ниво, безбедност на хардвер, приватност на податоци и сл. Моментално комитетот го сочинуваат 21 члена и 6 придружни членови од Италија, Франција, Португалија, Велика Британија, Германија, Холандија, Полска, Данска, Шпанија, Турција, Словенија, Австрија, Швајцарија, Ирска и Грција.

Проф. Милева како потпретседател ќе може да придонесе многу во работата на овој комитет.

За повеќе информации погледнете на https://eurasip.org/technical-area-committees/.