Search
|     contact@ugd.edu.mk

Анализа на родовата застапеност на жените во тенисот и генерално во спортот креирана во рамките на проектот „Game Set Equality“

Споделете

Како дел од проектот „Game, Set, Equality“ (№ 101134022 — Game, Set, Equality — ERASMUS-SPORT-2023), тимот на експерти, меѓу кои и професори од УГД, изготвија анализа и извештај за застапеноста на жените во спортот со акцент на застапеноста на жените во тенисот. Овој сеопфатен извештај претставува клучен резултат на проектот кој дава значајни сознанија за моменталната состојба на родовата еднаквост во тенисот и ја нагласува потребата за поголемо вклучување на жените во тренерските и судските улоги. Извештајот се заснова на опширно истражување, кое вклучува анализа од постојните национални и меѓународни политики кои ја поддржуваат родовата еднаквост во спортот и преглед на добрите практики во Европа, насочени кон промовирање и заштита на жените во тенисот, особено на најосновно ниво. project website .

Главните наоди од извештајот вклучуваат:

  • Детален преглед на тековните политики и насоки кои ја подобруваат родовата еднаквост во европскиот спорт.
  • Примери на успешни иницијативи и стратегии за промовирање на жените во тениско тренирање и судење.
  • Препораки за тениските клубови и спортските организации да имплементираат практики и политики со вклучување еднаквост помеѓу родовите.

Овој извештај служи како битен ресурс за тениските клубови, спортските организации и креаторите на политиките да поттикнат позитивни промени во спортот и да создадат повеќе можности за жените да водат, тренираат и судат во тенисот.

Посетете ја веб-страницата на проектот www.gamesetequality.eu и преземете го целосниот Извештај за интегрирана родова еднаквост.