Search
|     contact@ugd.edu.mk

КУП победниците „Штип УГД“ на прием кај ректорот на УГД

Споделете

Куп победниците и финалистите во одбојкарското првенство на Македонија, екипата „Штип УГД“, имаа прием кај ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Дејан Мираковски. Комплетната екипа, предводена од тренерот Кристиан Ристески, со ректорот Мираковски разговараше за постигнатите успеси, во кои секако удел има и поддршката што клубот ја има од УГД.

Во знак на благодарност за досегашната поддршка, „Штип УГД“ на ректорот Мираковски му подари одбојкарска топка, потпишана од сите играчи, како и плакета како благодарност за соработката.

Од страна на ректорот беше потенцирано дека соработката и поддршката ќе продолжи и во наредниот период, со цел што поголема промоција како на Универзитетот, така и на градот Штип.

Одбојкарскиот клуб „Штип УГД“ во наредниот период го чека финалната серија од Одбојкарското првенство, во кое против Струмица ќе се обиде да ги обедини двете титули во македонската одбојка.