Search
|     contact@ugd.edu.mk

Отворено пријавувањето за 12. Авицена женска трка

Споделете

Универзитетски спортски и културен центар при УГД организира учество на 12. издание на Авицена женска трка. Ова значи дека и годинава тимот на УГД организирано ќе може да биде дел на трката и да реализира уште една тимска активност.

Трката ќе се одржи на 7 април 2024 година (недела), со почеток во 9.30 часот, во Скопје. Котизацијата за учество и превозот до Скопје ќе бидат покриени од страна на Универзитетски спортски и културен центар. Сите заинтересирани студенти и вработени при УГД може да се пријават за учество на атлетската Авицена женска трка, најдоцна до 28 март 2024 год. (четврток), до 12 часот, на следнава е-пошта: vanco.barbareev@ugd.edu.mk и телефонски број: 072/252-052, м-р Ванчо Барбареев.

Потребни податоци за секој учесник:

  • име и презиме;
  • ден, месец, година на раѓање;
  • телефонски број.

По утврдување на бројот на пријавени учесници ќе се креира Вибер група каде што пријавените учесници ќе бидат информирани за деталите околу организацијата.

Да бидеме дел од настанот кој ја промовира физичката активност, здравиот начин на живот, дружењето, тимскиот и натпреварувачкиот дух.