Search
|     contact@ugd.edu.mk

Планинарска тура на врвот Меденица (Бистра) на 24 март

Споделете

По повод патронатот на Универзитет „Гоце Делчев” – Штип, Универзитетскиот спортски центар организира Планинарска тура на планината Бистра, искачување на врв Меденица. Планинарската тура ќе се одржи 24 март 2024 година (недела).

Важни информации за подобро организирање на истата:

Време на поаѓање: 7.00 часот, пред Стар Ректорат – Штип, со организиран превоз на УГД.

Патека на планинарската тура: поаѓање од с. Галичник до врвот Меденица, кој е највисок врв на планината Бистра. Неговата надморска височина изнесува 2.163 метри, со висинска разлика од 700 метри, должина на патеката е 10 км во двата правци. Време на искачување околу 2 часа, време за враќање назад 2 часа.

Време на враќање: 16.00 часот (зависи од темпото на движење на групата).

Опрема

Секој учесник треба да има соодветна опрема:

  • спортски патики или чизми за качување;
  • ранец и планинарски стапчиња;
  • удобна спортска опрема (по можност памучна или слоевита маица);
  • шушкавец или дуксер;
  • кабаница, капа, очила за сонце;
  • вода 1 литар;
  • храна, пожелно е да има еден оброк (по свој избор).

Патеката по која ќе се движиме за оваа планинарска тура е рамна, со мали нагорнини и добро е обележана и истата се категоризира како лесна патека.

Сите заинтересирани студенти и вработени на УГД може да се пријават за учество на Планинарската тура „Бистра – Меденица“, најдоцна до 20 март 2024 година (среда) до 12.00 часот, на следнава е-пошта: vanco.barbareev@ugd.edu.mk и телефонски број: 072/252-052.

Ванчо Барбареев